Опис:
Форма на објектот се состои од два волумени кои се меѓусебно поврзани, но со засебни конструктивни системи и различна функција.
Волуменот на производствената хала има правоаголна форма со димензии, 48,85м и 24,45м ширина, површина од 1.174,89 м2 и конструктивен систем од челични И профили составен од 8 модули 6/23,9м кои совладуваат висина од 8,56м.
Вториот волумен, помошните производствени простории со складишен простор е исто со правоаголна форма оставен од 8 модули 6/6м и коридор составен од 4 модули 2,5/6м. Помошните производствени простории со складишен простор е на две нивоа со вкупна површина од 659,83 м2 од кои: помошни производствени простории се 218,97 м2, канцеларии со површина од 31,84 м2 , складишен простор со површина од 252,80 м2 останати помошни простории и комуникации 156,22 м2. Волуменот е изведен од челични И профили и висина на ниво од под до под 3,4м.
Објектот е на кота +0.45м од котата на теренот и е поставен кон источната страна од парцелата каде се граничи со сервисна улица.
ЛОКАЦИЈА: Скопје, Маџари, Општина Гази Баба
Период: 01.2025- тековно